Немаат пари: Бугарија се откажа од Евровизија

Бугарија нема да учествува оваа година на Евровизија поради финансиски причини.
Ова го соопштил бугарскиот национален сервис БНТ, може да се види на официјалниот сајт на Евровизија.


-Со тага ви соопштуваме дека Бугарија нема да учествува на Евровизија. Оваа одлука се базира на финансиски причини, бидејќи, според менаџментот на сервисот, трошоците на проектот далеку ги надминуваат финансиските капацитети на БНТ, се вели во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.