Нема веќе бесплатно влегување во ЕУ, од 12 октомври нов граничен режим

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат навремено и целосно информирање на граѓаните за новите правила при патување во ЕУ, што според најавите стапуваат во сила од 12. следниот месец, за да нема застои на патните премини.

Austrija pozdravlja o·triju migracionu politiku koju je nova nemacka vlada naredila odmah po preuzimanju vlasti. (dpa – standardna prava upotrebe) Foto: Peter Kneffel/dpa
Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Александар Јанев денеска на новинарско прашање посочи дека се во постојана комуникација со европските партнери и оти според првичните најави и сегашната европска регулатива, граѓаните ќе пополнуваат онлајн апликации.  Такви се првичните најави, но кога ќе ги добиеме официјалните информации од ЕУ ќе бидат споделени со граѓаните. Таа регулатива е на ЕУ а ние сме должни да ја почитуваме, рече Јанев .

Според последните информации, системот за влез/излез (EES) ќе почне на 12 октомври 2025 година. Постепено, во период од шест месеци ќе го имплементираат 29 европски земји (25-те членки на ЕУ дел од Шенген зоната, плус Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија), а со целосната имплементација да започне од 10 април 2026 година, од кога електронски ќе се пресметуваат деновите на престој. Во овој момент преку вториот систем, ETIAS, не е потребна никаква акција од страна на патниците, а Европската Унија ќе информира дополнително за конкретниот датум за почеток на ETIAS неколку месеци пред неговото лансирање.

Пронајдете не на следниве мрежи: