Нема вонреден самит во ноември за брегзитот на Британија?

Лидерите на Европската Унија се подготвени повторно да се состанат за да ги дефинираат условите за повлекување на Велика Британија од Унијата, кога ќе биде постигнат напредок во преговорите. Официјални лица од ЕУ синоќа изјавија дека со оглед на тоа што досега не е постигнат значитечен напредок, не планираат вонреден самит за брегзитот во ноември.
Лидерите на 27 членки на Унијата, кои ќе останат во составот на блокот откако Британија ќе ја напушти Унијата во март следната година, разговараа за текот на преговорите синоќа на вечера, по обраќањето на британската премиерка, Тереза Меј. Таа претходно пред лидерите на ЕУ ги претстави своите гледишта за напредок во преговорите за брегзит, по што го напушти Европскиот совет.
„Сите земји членки оценија дека и покрај интензивните преговори, не е постигнат доволен напредок“, вели неименуван функционер на ЕУ, кој присуствувал на разговорите, пренесе „Ројтерс“.
Тој потврдил дека лидерите се подготвени да повикаат состанок на Европскиот совет, тогаш кога ќе биде постигнат значителен напредок.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.