„Нема да се смирам додека не оди во затвор“: Познатата пејачка го тужеше Саша Поповиќ

Пејачката Елма Синановиќ поднела кривичина пријава против некогашниот сопственик на „ Гранд“, Саша Поповиќ за наводен долг од 2000та година, а пред две години одлучи таа тужба да ја обнови.
Имено, на почетокот на декември 2019 обвинителството одлучи да ја прифати жалбата на Елма Синановиќ на која првпат и беше одбиена кривичната пријава против Поповиќ за дело кражба и затајување данок.
Во 2000 година, Елма потпишала договор за „Гранд“, во кој стоел дека парите од продадениот албум „Рука правде“ ќе и бидат исплатени. Со договорот исто така се предвидувало дека пејачката ќе добие шест проценти од продажбата на ЦД-а, и видео касети, меѓутоа, таа тврди дека никогаш не ги видела парите, а Поповиќ и должи 30.000 марки.
Пејачката во 2019 година поднела пријава против Саша Поповиќ, но обвинителството ја одбила пријавата.
„Откако обвинителството ја одби пријавата, Елма поднесе жалба. Обвинителството ја прифати жалбата и се бара од директорот на Гранд да достави додатни податоци за данок“.
По 10 години, Елма во 2018 година се врати на музичката сцена со нов албум.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.