Нема докази дека Мартин Саздов и се заканувал на Ивана, Стојанче глуми жртва за да избегне кривична одговорност, вели обвинителката Бојчевиќ

Обвинителката Адела Бојчевиќ која го води предметот против Стојанче Јовановски вели дека за неа е очекувано обвинетиот да се стави во улога на жртва, наместо во улога на сторител.

„Тоа е очигледен обид да се избегне кривичната одговорност која му се става на товар, наспроти сите материјални и вербални докази што ги изведе Обвинителството. Јас од доказите изведував психолошки наод и мислење во однос на карактеристиките на личноста на Стојанче, каде е утврдено од страна на вешти лица дека тој има изразена манипулативност, тенденција кон искривување на вистината, во насока на себезаштита и префрлање на кривичната и каква било одговорност кон други лица, како и минимизирање на сопственото однесување и преземање на каква било одговорност. Ова не е моја субјективна проценка, јас ова детаљно ќе го елаборирам во завршниот збор и тоа ќе биде образложено за да добивање правилна и јасна фактичка состојба пред овој суд“, рече Бојчевиќ по речиштето.

Обвинителката рече и дека нема докази за денешниот исказ на Јовановски, дека Мартин Саздов ѝ се заканувал на Ивана.

„Нема докази дека во критичниот ден Мартин ја удрил. Доказите кои произлегуваат од електронската комуникација во завршен збор детаљно ќе ги елаборирам, оти немав можност досега да ги изведам пораките и тогаш јавноста ќе ја добие целосната јасна слика“, рече обвинителката.

Пронајдете не на следниве мрежи: