петок, 27 ноември 2026
Најново

Нема истекнување на линданот од ОХИС, тврди МЖСПП

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нема истекување на линданот од ОХИС, тврдат од Министерството за животна средина и просторно планирање откако денеска се појавија информации дека во Драчево се шири непријатна миризба.

Министерството информира дека во средата на 22 октомври во вечерните часови, бил спроведен вонреден инспекциски надзор, при што беило утврдено дека нема никакво истекување на линдан или дека има било какви други нарушувања на безбедноста во локацијата на ОХИС.

Од Министерството велат дека веќе неколку години се работи на чистење на малиот линдански лот, а паралелно и на изнаоѓање на најсоодветни решенија за отпочнување на чистењето и на големиот лот.

Поврзани вести