На социјалните мрежи се појави застрашувачко видео од линијата на фронтот во Украина!
Камерата на телото на војникот ја снимила грозоморната егзекуција на двајца противници кои го фрлиле оружјето и ги кренале рацете во знак на предавање.
- Принцот Вилијам ја услови Меган Маркл: Кралското семејство се тресе – Еве што побара за помирувањеПринцот Вилијам наводно е подготвен да му даде шанса на својот брат… Read more: Принцот Вилијам ја услови Меган Маркл: Кралското семејство се тресе – Еве што побара за помирување
- Буџетскиот дефицит на САД се приближува до 2 трилиони долариБуџетскиот дефицит на Соединетите Американски Држави достигна 1,99 трилиони долари во фискалната… Read more: Буџетскиот дефицит на САД се приближува до 2 трилиони долари
- 12-годишно дете нападнато во училиште во ГостиварНа ден 16.10.2026 во 16:20 часот во Полициското одделение Галате, М.М.(41) од… Read more: 12-годишно дете нападнато во училиште во Гостивар
- Си го отсекла носот и го чувала во тегла: Луѓето се крстат кога ќе ја видат, а вака изгледала пораноБелгијка позната како Токси, чии екстремни модификации на лицето и телото ја… Read more: Си го отсекла носот и го чувала во тегла: Луѓето се крстат кога ќе ја видат, а вака изгледала порано
- Дрвја никнуваат од водата на ова езеро: Изгледа како сцена од бајка, но крие необична тајнаЕзерото Каинди е еден од највпечатливите примери за непредвидливата моќ на природата.… Read more: Дрвја никнуваат од водата на ова езеро: Изгледа како сцена од бајка, но крие необична тајна
Војниците, кои, судејќи по нивните ознаки, се припадници на вооружените сили на Украина, ги опколиле противниците, кои потоа ги повикале да излезат од ровот и да се предадат. Од засолништето излегле двајца Руси, еден по друг, но Украинците веднаш почнале да пукаат. Еден од војниците потоа се приближил и пукал кон нив од непосредна близина.
Засега не се знае кога е снимена грозоморната сцена и на кој дел од фронтот.
Некои воени блогери наведуваат дека видеото неодамна било пронајдено на камерата на убиен украински војник од Третата јуришна бригада.
Големиот број видеа од егзекуции кои се појавија на социјалните мрежи во изминатите неколку дена покажуваат дека борбите на првите борбени линии стануваат се побезмилосни.
Во неделата Украина ја обвини Русија за егзекуција на седум воени затвореници во близина на Бахмут. Народниот правобранител Дмитриј Лубинец објави видео од наводниот масакр снимен со извидувачки дрон. На видеото се гледа како припадниците на руските сили ги извлекуваат невооружените Украинци од таканаречената лисичка дупка, по што тие одеднаш почнуваат да пукаат во нив.
Командата на украинските копнени сили неодамна на својот канал на Телеграм објави и видео од извидувачки дрон, на кој наводно се гледа како припадник на руските сили пука во ров во двајца украински војници кои претходно се предале.
Пронајдете не на следниве мрежи:



