Нема никаква политичка и популистичка интенција во преименувањето на стадионот, тврди Бошњаковски

Денес портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски изјави дека преименувањето на стадионот “Филип Втори“ во национална арена “Тоше Проески“ е направено на предлог на Владата, што е усогласено со семејството Проески.
– Зад предлогот нема никаква политичка или популистичка интенција како што, за жал, очигледно се создала навика во државата, дополни Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање за одлуката за преименувањето на вчерашната владина седница.
Владата донела одлука за преименување на стадионот во национална арена “Тоше Проески“ во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионалната современа историја, објави владиниот портпарол по седницата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.