Нема ништо лошо Илинден да е и бугарски празник, убедува Димитров

На денешната прес-конференција на која министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги раскажуваше поволностите од Договорот од Преспа на новинарско прашање“Чиј празник е Илинден“ остана без текст, што инаку ретко му се случува.
По драмска пауза или во стилот на премиерот Заев, кој би рекол како “киша око Крагујевца” видно растревожен и нервозен од прашањето кое не беше дел од неговата агенда, говореше што Македонскиот народ ќе добие од Договорот со Бугарија.
-Одите во претпоставувам на другиот договор со прашањето. Имате алузија. Значи во нашиот регион Балканот имаме многу богата историја и многу испреплетена историја. Целта на комисиите што ги формиравме и со Бугарија и со Грција. Со Бугарија комисијата имаше првичен состанок, со Грција се уште не ама комисијата е формирана, е како историските наративи на нашите на Македонија и на нашите соседи е да не бидат еден против друг туку да бидат покомплементарни.
За нас Илинденското востание е еден од столбовите на кои што почива македонската држава, 2 Август 1903 година. Бугарија има друг поглед и затоа, задачата на историчарите не на политичарите е како да најдат заеднички јазик и како тоа да не биде непомирливо. Ние ништо не губиме ако тој голем настан е важен и за друга држава и за друга историска традиција, истакна видно збунетиот Димитров.
Сепак, доколку размислиме подобро ние веќе загубивме. Го загубивме правото да кажеме дека Илинденското востание е македонско и дека Илинден е македонски празник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.