До Институтот за јавно здравје во текот на вчерашниот ден не се пријавени нови лабораториски потврдени случаи на западнонилската треска, соопшти денеска Министерството за здравство.
Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и другите надлежни установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови сознанија, се додава во соопштението.
Во земјава официјално се регистрирани 13 заболени од западнонилска терска, од кои тројца се во критична состојба.
Најголем дел од пациентите се заразени од домашни комарци, односно не патувале надвор од државата.
The post Нема нови лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска appeared first on Provereno.



