На Минхенската безбедносна конференција нема да има руска делегација, потврди портпаролката на руското МНР Марија Захарова .„Ниту една покана не е добиена од руската страна“, рече Захарова.Имаше одредена неизвесност дали Кремљ ќе испрати делегација.Иако не се очекуваше, сомнежите ги отвори изјавата на Доналд Трамп дека може да има разговори меѓу украинските и руските претставници на конференција или на друго место во градот.Сепак, ниту Москва ниту Киев не најавија дека очекуваат преговори, а Би-Би-Си претходно објави дека на конференцијата немало руски претставници.
Пронајдете не на следниве мрежи:



