Нема своја кола, а е мајстор за паралелно паркирање

Дали и вам како возачи ве мачи паралелното паркирање? Тогаш има што да научите од дечково, кој е мајстор за овој маневр.
Многу често местото што е слободно за паркирање е премногу мало и ризикуваме да го оштетиме не само својот, туку и нечиј туѓ автомобил во обид да се пикнеме таму.
Некои возачи се повешти и пострпливи, а на други ќе им „пукне филмот“ и или ќе блокираат некого или ќе одат да си платат паркинг на друго место.

Овој дечко од Индија нема проблем со паркирање на невозможна локација, како и излегување од вакво тесно паркинг место.
Видеото што го сними неговата партнерка за кратко време стана вирален хит на социјалните мрежи. Уште поинтересен е фактот дека ова не е негово возило – го позајмил од пријател за да заврши некоја работа.
Сепак, треба да се напомене дека овој Индиец вози и автобус и теренски возила, па паралелното паркирање на обичен урбан патнички автомобил за него е „гола вода“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.