Нема сомнеж од кого Викторија Лоба ја наследила убавината

Пејачката Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростовска област, Русија на 17 октомври 1988 година. На свои 8 години таа со семејството се сели во Скопје и уште од мали нозе е присутна на музичка сцена и ТВ станиците.
Во музичките води влегува во 2003 година кога ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во дует со Марија Арсова и песната „Ти не ме познаваш“ каде се пласираа на 12-то место.


Лоба летово посети неколку дестинации и уживаше во топлите денови. Секогаш атрактивна и во топ форма, а ако се запрашувате кој е заслужен за тоа, судејќи по фотографиите сигурно може да се забележи дека „главни виновници“ се гените.
Мајката на Викторија, Татјана Луговаја изгледа одлично, а тие често пати споделуваат заеднички фотографии и на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.