Со 66 гласа „за“, 2 гласа „против“ и 8 „воздржани“ денес, Собранието го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител.
Предлогот денес во Парламентот го образложи вицепремиерот Александар Николоски, кој го пофали Савески и ја прочита неговата биографија.
„Човек кој беше обвинител, судија, сега има можност да биде на чело на Обвинителството, човек без дамки и минато, човек кој доаѓа од Гостивар, не сака да го напушти Гостивар, ќе мора да патува секој ден“, вели Николоски.
За збор се јави и пратеникот Скендер Реџепи, кој зборуваше за селективната правда, особено за Албанците кои, како што вели, се маргинализирани од Обвинителството.
Реџепи ги спомена случаите „Монструм“, „Алфа“, „Мал Алмири“ и слични, како примери за селективна правда. Според пратеникот, Кочани бил и таков случај, на селективна правда, и тој случај ќе биде многу важен за новоизбраниот јавен обвинител.
The post Ненад Савески избран за нов државен јавен обвинител appeared first on Во Центар.



