Ненад Савески е избран за државен јавен обвинител. Тој денеска со 66 гласа ЗА ја доби поддршката од пратениците во Собранието.
Савески доаѓа на оваа висока функција во правосудството како предлог на Владата.
Според вицепремиерот Александар Николоски, станува збор за професионалец кој нема дамки во кариерата и од кој се очекуваат резултати и враќање на довербата во правосудството.
Опозицијата обвини за партизација на судството.
Савески беше еден од четворицата кандидати за оваа функција кој доби позитивно мислење од Советпт на јавни обвинители. Тој го наследува Љупчо Коцевски кој минатата година си даде неотповиклива оставка. Тврдеше дека зад иницијативата за негова смена има политичка позадина.
Пронајдете не на следниве мрежи:


