вторник, 17 ноември 2026
Најново

Неодобрени 48.000 пасоши на ниво на држава, а 44.000 само во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во изјава за Сител беше запрашан за конкретни бројки колку граѓани се фотографирани, а не ги подигнале личните документи.

„Околу 48.000 пасоши на ниво на државата не се одобрени, луѓето се сликале, а не се ставени на печатење, со тоа го пробиваме законскиот рок. На ниво на лични карти, бројката е 33.000 на ниво на државата, а на ниво на Скопје – 44.000 пасоши и 30.000 лични карти. Со ова се потврдува уште еднаш тезата дека внатрешноста е скоро завршена, граѓаните ги имаат заменето своите лични документи, остана само Град Скопје”, информираше Бојмацалиев. Притоа, тој оддаде признание на вработените во управните служби и уште еднаш потенцираше дека нема никаква саботажа во процесот на промена на личните документи на граѓаните.

„Морам да признаам дека колегите внатре работат макотрпно, но мора да се внимава целиот процес да функционира нормално. Нема друг проблем, само треба подобро менаџирање, кое порано го имаше”, рече Бојмацалиев.

– Реклама –








Поврзани вести