Професорката Симона Груевска-Маџоска поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседателка на Советот за македонски јазик при Министерството за култура и туризам и од позицијата координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик.
Во објава на Фејсбук, Груевска-Маџоска не ги наведува причините поради кои ја поднесува оставката, но меѓу другото вели дека преку некои работи не може да се премине.
– Денес поднесов неотповиклива оставка на местото претседател на Советот за македонски јазик и координатор на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Преку некои работи не може да се премине. Им благодарам на членовите на Советот за прекрасната соработка, на членовите на Координативното тело за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик во 2025 година и на членовите на работната група за изработка на Националната стратегија за македонскиот јазик. Им посакувам успешна понатамошна работа, стои во фејсбук статусот.
The post Неотповиклива оставка на претседателката на Советот за македонски јазик appeared first on Provereno.



