Неочекуван „гостин“ влезе во натпреварот од Лигата на шампионите, ова не се гледа често

Фудбалерите на Челзи ја победија екипата на Барселона со убедливи 3:0, во петтото коло од лигашката фаза на Лигата на шампионите.

Сепак, освен целосната доминација на „Сините“, еден необичен детаљ ја одбележа средбата.

Имено, пред почетокот на натпреварот, на трибините се појави необичен гостин – лисица! Ова го фатија камерите, кои видоа како збунетото животно мирно се движи меѓу редовите на трибините, а во еден момент, се чинеше како и таа да сака да го гледа натпреварот, со оглед на тоа што се качи на празен стол.

Поради фактот што лисицата се појави на трибините околу час и половина пред дуелот, обезбедувањето ги следеше нејзините движења, за да нема неочекувани инциденти, но на крајот сè помина мирно, со оглед на тоа што лисицата исчезна пред трибините сериозно да почнат да се полнат.

Можете да видите како изгледаше во видеото подолу.

Anyone call for a fox in the box? There’s a fox loose at Stamford Bridge ahead of Chelsea v Barcelona! pic.twitter.com/PrXMBiRXcU— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) November 25, 2025
The post Неочекуван „гостин“ влезе во натпреварот од Лигата на шампионите, ова не се гледа често appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: