Непозната жена се појавила пред болницата каде е Дарко Лазиќ

Откако вчера беше завршена операцијата на српскиот пејач Дарко Лазиќ кој доживеа сообраќајна несреќа во која е сериозно повреден, новинарите пред болницта во Земун затекнале непозната жена која им се обратила на пријателите на пејачот и ги вознемирила.
Таа рекла дека не го познава Дарко, но дошла „за да даде совет“.


-Ми е жал за младоста, затоа дојдов. Имав вакво искуство во семејството, младо момче на 21 година се извлече. Сега можеме сите да се молиме, единствено Бог може да му помогне. Тој треба да се сврти кон Бога. Ова му е од Бог, како живееше, сега мора да се сврти кон Него и да најде спас. Само два свештеника може да го спасат сега, им рекла жената на пријателите на Лазиќ, јавува српски Телеграф.
Новинарите се обиделе да земат изјава од жената, но таа не сакала да зборува со нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.