Непрепознатлива: Глумицата сосема го промени изгледот за новиот филм

Познатата холивудска актерка Анџелина Џоли го снима првиот филм од 2016 година и разводот со Бред Пит.
Глумицата ја прифати улогата во филмот “Come Away”, а ја добила улогата на Роуз. Нејзиниот колега, глумецот Дејвид Ојелово на својот Инстаграм профил објави фотографија од снимањето каде позира целата актерска екипа, а многумина ги изненади изгледот на Анџелина.


За потребите на улогата, Анџелина има кадрава перика, црн фустан, а мајсторите за маска се погрижиле да изгледа малку постаро.
“Филмот е готов. Едвај чекаме со вас да ја споделиме оваа магична реимагинација на Алиса во земјата на чудата и Петар Пан”, напиша Дејвид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.