Нередовен месечен циклус? Зошто не добивам?

Секоја жена во некој период од нејзиниот живот може да има месечен циклус кој ќе предизвика низа прашања: Дали мојот месечен циклус е преобилен? Зошто не добивам? Зошто овој месец добив два пати? Иако нередовните месечни циклуси не се невообичаена појава, сепак важно е да знаете кои се причините поради кое тоа може да се случи и што се обидува да ви каже вашето тело.

РЕДОВЕН МЕСЕЧЕН ЦИКЛУС

Жените во просек имаат „добиено“ 3 до 7 дена во текот на еден месец, т.е. еден месечен циклус. По првите неколку години од првата менструација, месечниот циклус вообичаено се стабилизира и жената може да предвиди приближно кој ден би требало да добие менструација.

НЕРЕДОВЕН МЕСЕЧЕН ЦИКЛУС

Кога веќе некое време добивате менструација, телото вообичаено воспоставува ред и рутина на добивање, така што како нередовен месечен циклус се смета секое крвавење кое е абнормално во однос на претходните неколку месеци. Тоа може да вклучува прерано крвавење или доцнење, како и премногу слабо или екстремно крварење. Доколку не сте склони кон симптоми на ПМС, тогаш како нередовен месечен циклус можете да ги сметате и екстремната подуеност на стомакот, грчеви и главоболки.

ПРИЧИНИ ЗА НЕРЕДОВЕН МЕСЕЧЕН ЦИКЛУС

Секоја жена може да искуси промени во месечниот циклус одвреме-навреме, што иако во повеќето случаи е безопасно, добро е да знаете поради што се јавуваат овие нерегуларности. Еве неколку вообичаени причини за ваквите промени:

Бременост

Во бременоста, женското тело произведува различни нивоа на хормони што предизвикува прекин на менструацијата. Но, понекогаш се случува менструацијата да продолжи, но да биде со помал размер од вообичаено, пред целосно да престане. Доколку искусите некои промени во циклусот и има шанса да сте бремени, најдобро е да го посетите вашиот гинеколог.

Стрес

Стресот е најчестата причина за нередовен месечен циклус. Кортизолот – хормонот за стрес – има влијание врз колку вашето тело ќе лачи естроген и прогестерон – двата женски хормона. Доколку имате премногу кортизол во крвотокот, времето и јачината на вашиот циклус можат да бидат подложни на промени.

Диета

Друга честа причина за доцнење на месечниот циклус може да биде храната која ја консумирате или пак тежината која ја имате. Ако вашата исхрана е богата со нездрави шеќери и сте ја зголемиле телесната тежина, вашето тело може да произведе различни нивоа на одредени хормони, кои влијаат на времето на овулација. Истото важи и за наглото губење на тежината.

Вежбање

На нашето тело му треба енергија за да може да менструира. Доколку согорувате премногу калории при вежбање, можно е да не му оставате на телото доволно енергија за да може нормално да фунционира во „оној период“ од месецот.

Орална контрацепција

На телото му се потребни до неколку месеци за да се навикне на дозата на хормони која ја содржат пилулите за орална контрацепција.

Премногу алкохол

Црниот дроб го регулира месечниот циклус така што го регулира метаболизмот на естрогенот и прогестеронот. Претераната консумација на алкохол може да предизвика оштетување на црниот дроб и да ги наруши метаболитичните процеси кои се одговорни за регулирање на месечниот циклус.

Синдром на полицистични јајници

Овој синдром е доста чест кај жените, а предизвикува формирање на цисти во јајниците и пречки во овулацијата. Во зависност од сериозноста на оваа состојба, таа може да предизвика е губење на косата, покачена телесна тежина, првут и во екстремни случаеви неплодност. Едни од посериозните компликации се ендометриоза, рак на јајниците и проблеми со срцето.

Менопауза

Како и во бременоста, така и во менопаузата нивото на хормоните се менува. Нередовните циклуси можат да започнат дури и 10 години пред да започне менопаузата, а најчесто во доцните 40-ти и раните 50-ти години.

Земање лекови

Одредени лекови можат да влијаат на производството на естроген и прогестерон, така што често се случуваат промени од неколку дена во циклусот при земање на лекови.

Третман

Во зависност од причината поради која се јавува нередовен месечен циклус, може или не може да се направи нешто за тој да се доведе во ред. Консултирајте се вашиот гинеколог и објаснете му кои се симптомите. Вашиот доктор во зависност од потребите може да ви препише лекови на база на хормони за регулирање на циклусот, активности за намалување на стресот, промени во исхраната или план за вежбање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.