Несреќа на Крк: Глисер налета на девојка, починала во болница

Дваесет и осумгодишна девојка од Австрија загинала откако вчера околу 16 часот на неа налетал глисер. Како што пренесува „24сата.хр“, таа им подлегнала на повредите во болница.
Жртвата се капела во морето близу хотел на Крк. Тешко повредена била однесена во болница во Ријека, но не можела да биде спасена. Било утврдено дека возачот на глисерот не бил пијан.
Како што пренесува медиумот, истрагата продолжува бидејќи човекот бил во шок и не можел да разговара, исто како и членовите на семејството на жртвата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.