Несреќен уличен крадец: Ограбил жена па налетал на ММА борач

Еден уличен крадец во Бразил немаше среќа со својот поход бидејќи на местото на грабежот се погоди ММА борач кој со два потега го среди.

Улиците на Рио отсекогаш важеле за многу небезбедни. Но, еден крадец ја имаше таа несреќа да биде начекан од никој друг туку вешт ММА борач.

Станува збор за Фелипе Коларис, кој се нашол во близина кога крадецот ограбувал жена. Прво ѝ помогнал на ограбената жена, а потоа се втурил во потера кон крадецот и брзо го совладал. Со познат зафат го држел приклештен за подот сѐ додека не стигнала полицијата.
Инцидентот се случил синоќа, а Коларис за него објави на својот Instagram профил каде опиша што се случило.


„Враќајќи се од тренинг попладнево налетавме на наводен напад на жена на плажа во Рекреју дус Бандејранчис. Ја оставив колата и се вратив кај жената да видам што се случува и навистина стануваше збор за грабеж. Со моите другари Матеус и Јуре видовме дека типот е невооружен, интервениравме и успеавме да го онеспособиме напаѓачот со џиу-џицу техника на која нѐ научи мастерот Кени Аманажас. Го фативме криминалецот, на жртвата ѝ го вративме мобилниот, па денес имаме еден крадец помалку на улиците. Беше задоволство да се соработува со полицијата и Рекреју презенчи (специјална единица за уличен криминал, заб. на прев.) кои секојдневно се борат со овие бандити. На неподготвените луѓе не им препорачувам да преземаат вакви потези, но јас денеска станав 1% подобар“, напиша тој.

На објавеното видое може да се слушне и како минувачите кои се нашле на местото на настанот на ММА борачот му довикуваат „уби го и фрли го во ендек“.
Фелипе Коларис е 28-годишен бразилски борач кој во кариерата има 10 победи и 4 порази, но во последно време е во лоша форма. Кога почна да се бори почна со 8 победи во низа, но потоа воглавно редеше порази откако влезе во УФЦ. Сепак, за вакви крадци очигледно е мајстор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.