НЕТАНИЈАХУ ПАТУВА ВО ВАШИНГТОН: Трамп ќе се сретне со премиерот на Израел во среда

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе отпатува за Вашингтон, каде што во среда ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп и ќе разговара за преговорите со Иран, соопшти Кабинетот на израелскиот премиер.

Средбата ќе се одржи во пресрет на втората рунда нуклеарни преговори меѓу САД и Иран, објави „Тајмс оф Израел“.

„Премиерот верува дека сите преговори мора да вклучуваат ограничувања на балистичките ракети и крај на поддршката за иранската оска“, објави кабинетот на Нетанјаху.

Претходно беше објавено дека Нетанјаху ќе биде во Вашингтон од 18 до 22 февруари.

Индиректни разговори меѓу Иран и САД беа одржани во петокот во Оман, со цел да се намалат тензиите меѓу двете земји што ескалираа по бомбардирањето на иранските нуклеарни постројки од страна на САД во јуни минатата година и насилното задушување на протестите во Иран.

Иако деталите од преговорите не беа објавени, Министерството за надворешни работи на Оман објави дека министерот за надворешни работи на таа земја, Бадр ал-Бусаиди, се сретнал одделно со својот ирански колега, Абас Аракчи, а потоа и со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и со Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп.

Според извештаите, разговорите имале за цел да се подготви теренот за продолжување на дипломатските преговори, но ниту една страна не дала официјални изјави за содржината на разговорите.

Разговорите во Мускат го означуваат првиот директен дипломатски состанок по воената ескалација во јуни, при што двете страни изразија претпазлив оптимизам во врска со идните разговори.
The post НЕТАНИЈАХУ ПАТУВА ВО ВАШИНГТОН: Трамп ќе се сретне со премиерот на Израел во среда appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: