Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го угости израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа на 7 јули, објави денес „Аксиос“, повикувајќи се на изјава од израелски функционер.
Американскиот портал минатата недела објави, исто така повикувајќи се на извори, дека Нетанјаху сака да се сретне со Трамп во наредните недели за да разговара за заедничко американско-израелско бомбардирање на нуклеарната програма на Иран.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, минатиот четврток изјави дека нема одреден датум за посетата на Нетанјаху, но дека Трамп е „многу отворен“ за тоа.
Трамп го осуди тековното судење за корупција против Нетанјаху како „лов на вештерки“, што беше поздравено од сојузниците на израелскиот лидер.



