Нетанјаху: Владата ќе го прошири делењето оружје на израелските граѓани

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека неговата Влада ќе го прошири делењето оружје за израелските граѓани.

Изјавите на Нетанјаху дојдоа по вооружениот напад во Ерусалми (Кудс) во кој загинаа тројца Израелци.

“Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship” на 16, 17 и 18 мај на улица Македонија
“Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship” оваа година ќе се случи на 16, 17 и 18 мај на улица Македонија со почеток од 18:30 часот. Долж улица Македонија ќе …
Времето денес дождливо со температури до 20 степени
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер …

Израелскиот премиер им се заблагодари на оние што ги убија двајцата напаѓачи.

„Со брзата реакција на двајца војници и еден цивил се успеа да се елиминираат терористите и да се спречи поопасен напад“, рече тој.

Министерот за јавна безбедност и лидер на екстремно десничарската партија Еврејска моќ, Итамар Бен Гвир, го повтори својот повик да се вооружат цивилите:

„Имаме силна полиција и силна армија, но нема полицајци секаде“, рече тој. „Затоа, секаде каде што граѓаните имаат оружје, тие можат да заштитат животи.“

Бен-Гвир вети дека ќе продолжи делењето оружје на израелските цивили.

Три лица, меѓу кои една жена, се застрелани денес, а шестмина се повредени во вооружен напад во Ерусалим, според израелскиот Канал 12.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.