Нетанјаху: Премиерот на Австралија е слаб политичар кој го предаде Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес го обвини австралискиот премиер Ентони Албанезе за предавство на Израел и напуштање на еврејската заедница во неговата земја.

„Историјата ќе го памети Албанезе за тоа што е – слаб политичар кој го предаде Израел и ги напушти австралиските Евреи“, рече Нетанјаху во објава на социјалната мрежа X, според „Тајмс оф Израел“.

Изјавата на Нетанјаху доаѓа само еден ден откако израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар објави откажување на визите за престој за дипломатските претставници на Австралија во Палестинската самоуправа.

Австралија, исто така, неодамна им забрани влез во земјата на поранешната министерка за правда Ајелет Шакед и на произраелската активистка Хилел Фулд. Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг претходно изјави дека укинувањето на визите е „неоправдана реакција“ од страна на Израел.

-Во време кога дијалогот и дипломатијата се потребни повеќе од кога било, владата на Нетанјаху го изолира Израел и ги поткопува меѓународните напори за мир и решение за две држави, се вели во соопштението.

Пронајдете не на следниве мрежи: