Пред претстојниот состанок на Советот за национална безбедност, израелските медиуми објавуваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху повикал на проширување на воените операции насочени кон целосно заземање на Појасот Газа.
Израелската телевизиска мрежа Канал 12 и весникот „Јерусалим пост“, повикувајќи се на извор од кабинетот на Нетанјаху, објавија дека израелскиот премиер одлучил дека е потребна ескалација на воените операции во Појасот Газа, вклучително и во областите каде што се верува дека се држат заложници на Хамас, со крајна цел да се заземе целата палестинска енклава.
Кабинетот на премиерот Нетанјаху му ја пренел пораката на началникот на израелскиот Национален одбранбен штаб, генерал-потполковник Ејал Замир, повикувајќи го да поднесе оставка доколку има против, според „Џерусалем пост“.
„Тајмс оф Израел“ објави дека генерал-потполковник Замир го одложил планираното патување во Соединетите Американски Држави.
„Мора да останеме обединети и да се бориме заедно за да ги постигнеме сите наши воени цели: пораз на непријателот, ослободување на нашите заложници и обезбедување Газа повеќе да не претставува закана за Израел“, им нагласи Нетанјаху вчера на своите министри.



