Нешнл Џеографикс го откупи македонскиот филм “Приказната за Силјан” 

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ од македонската успешна режисерка Тамара Котевска е откупен од страна на „National Geographic Documentary Films“.

Инаку, „National Geographic Documentary Films“ е еден од најпрестижните светски дистрибутери на документарни остварувања

Ова е првпат македонски филм да влезе во глобалниот каталог на оваа платформа, а ќе биде достапен во над 170 земји, вклучително и платформата „Disney+“.

Филмот годинава ја доби „Наградата на Музата“ за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција, предизвика овации на преполните проекции во Торонто, а стана и македонски кандидат за наградата „Оскар“ за најдобар интернационален филм.

Пронајдете не на следниве мрежи: