Претседателот на Полска Анджеј Дуда денеска оцени дека конфликтот меѓу Хамас и Израел е во корист на Русија бидејќи, како што наведе, го одвлекува вниманието на меѓународната јавност од руската агресија врз Украина.

Во интервју за Polsat News, Дуда рече дека конфликтот на Блискиот Исток може да резултира со нови миграциски притисоци врз Европа, пренесува Reuters.
- Тоа секако е од корист за Русија и руската агресија против Украина. Тоа го одвлекува вниманието на светот… Но, пред се, се плашам дека, за жал, ќе предизвика дополнителен миграциски притисок врз Европа – изјави Дуда.
- Google подготвува револуција: Gemini Live наскоро ќе работи без интернет
- Полицаец се запали по напад со молотов коктел, снимка од протестите во Франција
- Европската комисија застана зад Туск: Бара од полскиот претседател да одобри именување нови судии
- Излезноста во Брвеница до 9 часот е 3,98 отсто: Гласале 646 граѓани
- Хари и Меган во паника: Темни тајни од палатата излегуваат на виделина – Оваа жена е виновна за сè
Тој оцени дека најверојатно ќе има уште еден мигрантски бран од Блискиот Исток, кој ќе ја погоди Европа.
– Нашата безбедност, заштитата на полските граници, се разбира, и границите на Европската унија и Шенген зоната стануваат уште поважни – рече претседателот на Полска.
Пронајдете не на следниве мрежи:


