Нејзиниот бивш ѝ фрли киселина во лице, а таа сепак се омажи за него: Сè направи во тајност, нејзиниот татко полуде кога слушна

Млада жена од Турција се омажи за својот поранешен партнер кој ѝ го унаказил лицето со киселина, што предизвика остри реакции од јавноста и осуда од нејзиното семејство.

Контроверзната судбина на една млада жена од Турција повторно стана фокус на интересот на светската јавност, откако таа одлучи да му го каже судбоносното „да“ на човекот кој ѝ го обезличи лицето. Оваа необична и за многумина неразбирлива приказна за жртвата и нејзиниот џелат започна лавина од критики и дебати за границите на простувањето.

Брутална одмазда на напуштен партнер

Сè започна во 2019 година во Искендерун, кога тогашната девојка, Берфин Озек, реши да ја прекине врската со Касим Озан Селтик. Не поднесувајќи го раскинувањето, Касим испланирал морничава одмазда . Ја пресретнал и ѝ истурил киселина директно во лицето , со застрашувачка порака: „Ако не можеш да бидеш моја, нема да бидеш ничија“.

Погледнете како изгледа Берфин Озек сега:

Нападот остави непоправливи последици. Берфин, која во тоа време имала само 20 години, останала слепа на десното око, додека лицето ѝ било целосно деформирано. Следеле години болни реконструктивни процедури, операции на очните капаци и усните за да се вратат некои од нејзините функции и поранешниот изглед.

Судски процес и неочекуван пресврт

По инцидентот, Касим бил уапсен и осуден на 13 и пол години затвор за нанесување тешки телесни повреди. Сепак, за време на неговиот престој зад решетки, тој почнал да го опседнува Берфин со писма полни со каење и молби за прошка. Под огромен емоционален притисок и траума, таа ја повлече тужбата во 2020 година, иако подоцна призна дека го сторила тоа во момент на слабост.

Берфин Озек, пред нејзиниот бивш партнер да ѝ фрли киселина во лицето  

Благодарение на законските прописи и промените во постапката, Касим набрзо се најде слободен. Наместо да го избегнува засекогаш, Берфин одлучи да му даде уште една шанса, што кулминираше со нивниот брак.

Разочарување во семејството и јавен гнев

Веста за венчавката беше огромен шок, особено за нејзините најблиски. Нејзиниот татко , Јашар Озек, дознал за церемонијата од медиумите и го изразил своето длабоко негодување поради одлуката на неговата ќерка.

„Се омажи без наше знаење. Се борев за неа со години, а сега сè беше залудно“, рече таткото, видливо скршен од фактот дека неговата жртва за правда беше поништена со еден потпис.

Tras el fin de la relación le desfiguro la cara con ácidoSe fugo, fue aprendido, condenado a 13 añosSalio de la cárcel porque la victima retiro los cargos tras cartas de supuesto arrepentimiento y sentirse mal por haber mandado a su novio a la cárcelHoy se casaron felizmente pic.twitter.com/Dh1PlWAQ9N— Shion (@ChicShion) May 6, 2026

Социјалните мрежи се преполни со коментари од корисници кои го сметаат овој чин за опасен преседан, тврдејќи дека никакво извинување не може да оправда или избрише толку гнасен злостор. И покрај јавните осуди, двојката започна заеднички живот, оставајќи ја јавноста во неверица пред овој пример на токсична врска што го доби својот најбизарен епилог.
The post Нејзиниот бивш ѝ фрли киселина во лице, а таа сепак се омажи за него: Сè направи во тајност, нејзиниот татко полуде кога слушна appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: