Добитничката на Оскар, Џуди Денч, е во центарот на вниманието на јавноста шест децении и се чини дека нема планови за пензионирање наскоро. Сепак, и покрај нејзината богата кариера, Денч секогаш наоѓаше време за љубов и во младоста и во подоцнежните години.
Бракот со Мајкл Вилијамс
Џуди Денч се омажи за Мајкл Вилијамс во 1971 година, а нивната љубов траеше до неговата смрт во 2001 година. Зборувајќи за нивната врска, Денч нагласува дека имале среќа бидејќи нивната врска дошла природно и не морале да работат напорно за да трае.
Дури и години по загубата на сопругот од рак на белите дробови, Денч сè уште со љубов зборува за него:
„О, како можеше да ме насмее и… Можеше да ме расплаче. Имавме толку прекрасни моменти заедно. Никогаш не беше тешко. Имав среќа што го запознав Мик.“
Како што објавија медиумите, Мајкл починал во рацете на Џуди , а кратко пред тоа нивната ќерка се вратила кај своите родители за да биде тука за нејзината мајка во случај на најлошото.
Денес, вели таа, ја преживеала таа болка само затоа што нејзината ќерка, внук, домашните миленици и нивните пријатели биле покрај неа.
– Се случуваат неочекувани работи. Одеднаш влегуваш некаде и гледаш фотографија или нешто слично. Не очекувам некогаш да се навикнам на тоа. Се сомневам дека некогаш ќе го преболам Мајки во животот – рече таа.
Денч верува дека веројатно никогаш целосно нема да го преболи Вилијамс, а кога ја прашале колку време ѝ требало да научи да живее без него, нејзиниот одговор е трогателен:
„Не знам. Можеби никогаш не успеав сосема.“
Љубов на 76 години: Дејвид Милис
Девет години откако го загубила сопругот, Денч повторно ја пронашла љубовта на 76-годишна возраст . Таа не планирала, ниту очекувала, повторно да се заљуби, но сè се променило кога заштитникот на природата Дејвид Милис ја поканил да отвори птичарник за верверички во засолниште за животни во 2010 година.
Денч и Милис почнале да се забавуваат и се среќно заедно повеќе од една деценија. И по сите овие години, Денч сè уште го нарекува „мој шампион“, бидејќи не сака термини како партнер или дечко.
Зборувајќи за нивната среќна врска, Денч истакнува дека хуморот е најатрактивната работа во врската, а Милис ја прави среќна и насмеана:
„Сакам добро да се смеам. Сега имам многу добар пријател.“
Без брак, но заедно
Денч и Милис не планираа да се венчаат. Кога ја прашаа за можна венчавка со Дејвид, Џуди реагираше остро:
„Не, не, не, не, не. Ајде сите да бидеме тоа што сме на наши години .“
Двојката, исто така, одлучи да не живее заедно, иако се гледаат често бидејќи се оддалечени само шест километри. Тие поминуваат време заедно или во нејзиниот или во домот на Милис, уживајќи во секојдневната блискост, но одржувајќи свои независни простори.
The post Нејзиниот сопруг починал во нејзините раце, а потоа на 77 години се заљубила во некој друг: Новата љубов ѝ ја вратила насмевката на лицето (фото) appeared first on Во Центар.



