Поранешната бугарска министерка за надворешни работи Надежда Нејнски изјави дека Бугарија е заинтересирана Македонија да стане членка на Европската Унија, но, како што вели таа, само ако биде исполнет условот за почитување на правата на бугарската заедница во земјата.
Како што објавија бугарските медиуми, Нејнски смета дека македонските политичари го трошат времето на својот народ.„Народот на Република Македонија се обидува да стане дел од ЕУ, а всушност политичките игри на владата го трошат нивното време“, додаде таа.
Таа експлицитно нагласи дека „на крајот на краиштата, секоја земја одлучува сама за себе“ и потсети дека односите на Македонија повеќе не се со Бугарија, туку со ЕУ, каде што се стремиме да бидеме членка.
Оваа изјава доаѓа пред средбата закажана за денес меѓу министерот за надворешни работи на Република Македонија, Тимчо Муцунски, и неговата бугарска колешка, Весислава Петрова-Чамова, во Хелсингборг. Муцунски и Петрова-Чамова се на Самитот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска.
The post Нејнски: Бугарија сака да ја види Македонија во ЕУ, но само ако се исполнат правата на бугарската заедница appeared first on Во Центар.



