Германски војници без германски пасош?
Бундесверот се соочува со кадровски проблеми. Министерот за одбрана Борис Писториус (СПД) предлага луѓето кои не се Германци да бидат примени во армијата. Неговиот предлог го поддржаа либералите и опозицискиот Сојуз. Како да се реши проблемот со недостиг на персонал во редовите на Бундесверот? Шефот на Министерството за одбрана, Борис Писториус, може да замисли таа „дупка“ да се пополни со војници кои немаат германско државјанство.
- 6.000 административци, од привремено, добиваат вработување на неопределено време со предложениот законОколу 6.000 административци место привремено ќе добијат вработување на неопределено време… Read more: 6.000 административци, од привремено, добиваат вработување на неопределено време со предложениот закон
- Сопругата на Џејми Оливер ја откри суровата вистина: „Ми го уништуваа животот со децении“Сопругата на познатиот британски готвач Џејми Оливер, Џулс Оливер, отворено проговори… Read more: Сопругата на Џејми Оливер ја откри суровата вистина: „Ми го уништуваа животот со децении“
- Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски презеде висока функција во меѓународната одбранбена компанија „Модирум“Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, генерал Васко… Read more: Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко Ѓурчиновски презеде висока функција во меѓународната одбранбена компанија „Модирум“
- Трогателната исповед на сестрата на Метју Пери; Откриени претходно непознати детали од погребот: „Колку е ова ужасно“Сестрата на актерот Метју Пери, познат по улогата на Чендлер Бинг… Read more: Трогателната исповед на сестрата на Метју Пери; Откриени претходно непознати детали од погребот: „Колку е ова ужасно“
- Кина ја плаќа цената на недостигот од гасТечниот природен гас (LNG) моментално ја чини Кина повеќе од природниот… Read more: Кина ја плаќа цената на недостигот од гас
Во меѓувреме, неговиот предлог беше поддржан од водечките експерти за одбрана од владејачката коалиција (социјалдемократи, зелени, либерали), како и од опозицијата. „Во принцип, во потрагата по соодветни млади луѓе, кои се подготвени да служат воена служба во редовите на Бундесверот, мораме многу повеќе да размислуваме на европски план“, вели претседателката на Одборот за одбрана во Бундестагот, Мари. -Агнес Штрак-Зимерман (ФДП).за весникот Рајнише пост (РП).
И според тоа размислување во пошироки, европски димензии, таа верува „дека војниците и жените војници без германски пасош можат побрзо да добијат германско државјанство поради нивната успешна служба во Бундесверот“ .
Многу отворени прашања
„Во принцип, ја сметаме таа идеја точна, но клучот е како точно да се спроведе “, изјави тој за весникот РП во Дизелдорф. „Дали оваа можност ќе им биде достапна само на граѓаните на земјите-членки на ЕУ или НАТО? Или и на другите? Дали е неопходно целосно познавање на германскиот јазик? , Јохан Вадефул (ЦДУ) исто така беше отворен за предлогот.
„Има уште многу прашања што треба да се разјаснат. Самиот министер Писториус рече дека Бундесверот мора да биде подготвен за војна за пет до осум години. Во контекст на кадровската стратегија, тоа е исклучително краток период. Затоа треба да постапи итно “, смета тој.
Изменета воена служба
Писториус предложил воведување на изменета задолжителна воена служба, односно отворање на Бундесверот и за машки и за женски војници без германски пасош . „Ние нема да бидеме првата армија во Европа што ќе го стори тоа “, изјави федералниот министер за одбрана за Тагешпигел. И додаде дека во Германија има луѓе со мигрантско потекло, од втора или трета генерација кои се уште немаат германско државјанство.
Со оглед на кадровските проблеми во редовите на Бундесверот, германската јавност веќе подолго време разговара за стратегии за регрутирање на нови припадници на војската. Една од споменатите идеи е повторното воведување на задолжителниот воен рок, кој беше укинат во 2011 година. Минатата година во Бундесверот беше формирана посебна работна група чија задача е да најде можни решенија за кадровските проблеми.
Пронајдете не на следниве мрежи:



