“НЕ“ во недела ќе го разниша денарот?

Македонија ќе ја изгуби кредибилноста, граѓаните ќе ја изгубат вербата во иднината, ќе има иселувања, е ставот на Штефан Петер, претседател на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија. Зборувајќи за евроатланските перспективи на земјава рече дека ако граѓаните кажат „НЕ“ за влез на Макеоднија во ЕУ и НАТО под знак прашилник ќе се стави  и стабилноста на денарот, стабилноста на домашниот банкарски сектор.

„Ако младите и децата немаат верба во иднината ќе се зголеми иселувањето. Најпаметните ќе избегаат, ќе дојде до изолација на земјата. Од финансиски аспект, потенцијални милијарда евра нема да дојдат во Македонија, затоа што голем број земји биле поддржани со финансиски проекти во Унијата. Ако кажете “НЕ“ ќе биде тешко да се задржи стабилноста на денарот, стабилноста на банките, нема да има заеднички договори за трговија, а домашните компании ќе ја загубат својата конкурентност, нема да има странски инвестиции, рече Петер.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.