Не ги оставајте родителите кога се стари бидејќи тие дале се за вас додека биле млади!

Еднаш многу одамна на некое место постоело големо дрво каде што секојдневно доаѓало едно мало момче за да си игра. Тоа се качувало на врвот, ги јадело плодовите, се одморало под сенката… Така го засакало дрвото и сакало да си игра со него. Но, откако пораснало, веќе немало навика да си игра со него.

Еден ден, тоа отишло до него со тажен израз на неговото лице. „Дојди, играј си со мене“, му рекло дрвото на момчето. „Јас не сум повеќе дете и не си играм околу дрвјата“, одговорило момчето. „Сакам играчки, потребни ми се пари за да си ги купам.“ На ова дрвото рекло: „Извини, јас немам пари… но можеш да ги собереш моите плодови, да ги продадеш и ќе имаш пари.“ Момчето многу се возбудило, ги собрало плодовите и среќно си заминало. Дрвото било тажно затоа што момчето не се вратило повторно.

Не ги оставајте родителите кога се стари бидејќи тие дале се за вас додека биле млади!

Еден ден, момчето кое веќе станало маж, се вратило. Дрвото било премногу возбудено од тоа и го повикало да си играат. На ова, мажот одговорил: „Немам време да си играм. Морам да работам за моето семејството. Нам ни треба куќа за засолниште. Можеш ли да ми помогнеш?“ На ова дрвото одговорило: „Извини, јас немам куќа, но можеш да ги исечеш моите гранки и да си направиш.“ По ова, мажот ги исекол сите гранки на дрвото и среќно си заминал. На дрвото му било мило што го гледа среќен, но потоа мажот повторно не го посетувал, при што дрвото пак останало само и несреќно.

Еден топол летен ден, мажот се вратил и дрвото повторно било воодушевено. „Дојди и играј си со мене,“ рекло дрвото. „Јас сум тажен и остарен. Сакам да отпатувам некаде за да се релаксирам. Може ли да ми дадеш брод?“ На ова дрвото рекло: „Користи го моето стебло за да си изградиш брод. Може да пловиш далеку и да бидеш среќен.“ Мажот го исекол стеблото, направил брод, заминал и не се вратил подолго време.

Конечно, тој се вратил по неколку години. „Извини, момче мое, но немам ништо повеќе за тебе. Немам плодови“, рекло дрвото. „Немам заби за да гризам“, одговорил мажот. „Немам гранки за да се качуваш“, повторно рекло дрвото. На ова, мажот кажал: „Сега сум премногу стар за тоа.“ Со тага, дрвото рекло: „Навистина не можам да ти дадам ништо, единствено ми останаа моите корени кои умираат“. Мажот на ова рекол дека е уморен од сите овие години и дека сѐ што сака е само да се одмори. „Супер! Моите стари корени се најдоброто место за да се одмориш. Дојди, седни до мене и одморај се“, рекло дрвото среќно и задоволно.

Поука: Дрвото во приказната ги прикажува вашите родители. Кога сте млади, сакате да си играте со нив. Кога ќе пораснете, ги оставате и ги посетувате само кога ви треба помош. Родителите се жртвуваат за вас. Никогаш не заборавајте ги жртвите кои тие ги имаат направено. Дајте им ја потребната љубов и грижа пред да биде доцна!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.