Иако е 24 години помлада од него, кубанската актерка Џесика Ледон потполно го полудела славниот диџеј Дејвид Гета. Тој поради неа дури и ја оставил сопругата, а судејќи по новите фотографии, очигледно е зошто Гета не ги трга рацете од Ледон.
51-годишниот Дејвид бил фотографиран со својата атрактивна девојка која на плажата била вистинска сензација.
Во минијатурен танга костим за капење, Џесика мамела погледи со својата бомбастична фигура, а по изразот на Гета, јасно е дека е среќен што покрај себе има ваква убавица.
По страсните бакнежи на песокот, тие уживале на лежалки, а судејќи по нивните широки насмевки, очигледно е дека тие лудо се забавуваат кога се заедно.