Не го прескокнувајте доручекот: Еве зошто

Според многу лекарски и нутриционистички експерти, доручекот е најважниот оброк во денот, затоа што го подигнува човечкиот метаболизам и на телото му ја дава потребна енергија.
Многумина, сепак, од најразлични побуди и причини, го прескокнуваат овој оброк во денот. Можеби тоа ќе го променат кога ќе дознаат дека токму поради тоа може да имаат лош здив.
Според пишувањето на „Дејли Мејл“, прескокнувањето на доручекот во устата остава бактерии кои инаку би требало да се истераат со храната.
-Ако не го јадете доручекот, имате една од најлошите навики кои предизвикуваат лош здив, затоа што усната шуплина станува сува и полна со бактерии, вели докторот Мервин Дуриан од Центарот за естетска стоматологија во Лондон.


Уште повеќе бактерии би можеле да настанат ако за доручек се изберат житарки со шеќер.
Наместо тоа, советува Дуриан, би требало да јадете овошје и пиете вода. На тој начин најефикасно ќе ги остраните бактериите од устата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.