Масовни демонстрации се одржуваат во Копенхаген против американските планови за анексија на Гренланд. Демонстрантите се собраа пред амбасадата на САД во данската престолнина, пренесуваат медиумите.
Улиците во градот се блокирани, а се очекува протестот да се одржи денес во самиот Гренланд и според информациите демонстрантите ќе бидат поддржани од локални бизнисмени.
Интересот на Соединетите Американски Држави за Гренланд не е нов, но во последните месеци доби драматичен пресврт. Американскиот претседател Доналд Трамп отворено изјави дека е „неопходно“ САД да го поседуваат Гренланд, не исклучувајќи ја употребата на сила.
Дури беше предложена и идејата за всушност „купување“ на островот – нудејќи финансиска компензација на секој жител на Гренланд кој би го прифатил суверенитетот на САД.
Причината што ја наведува Вашингтон е безбедноста: страв од растечко руско и кинеско воено и економско присуство на Арктикот.



