Не дај Боже на никого да не му се случи тоа што ми се случи мене- вдовицата на Шабан ја отвори душата

После пола година од смртта на пејачот Шабан Шаулиќ за српските медиуми душата ја отвори неговата вдовица Гордана Шаулиќ.
Раната која ја носи по неговата смрт се уште не е заздравена, а зборовите со кои се потсетува на него ги кажува со кнедла во грлото.
Таа по трагичната смрт ретко се појавуваше во медиуми, а сега откри дека се уште болката е иста како првиот ден.


Вели дека студениот дом по неговата смрт го затоплува со насмевките на нејзините внуци.
-Животот иде полека, ден по ден. Каква може да бидам по 44 години брак поминати со Шабан? Не дај Боже на никого да му се случи ова што ми се случи мене, вели таа.
Српските медиуми пренесуваат и дека таа ги игнорирала сите написи и шпекулации околу неговото наследство кое ги полнеле весниците секојдневно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.