понеделник, 23 ноември 2026
Најново

Не започнувајте го денот со оваа храна, до вечер ќе бидете уморни

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Нутриционистите предупредуваат како да не го започнете денот.

Здравата храна е потребна за да се наполни телото со енергија, а секое утро сакаме да бидеме енергични за нови работни победи.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Токму затоа е важно да се сменат лошите навики во исхраната. Многу луѓе сакаат да јадат инстант житарки, колачи, па дури и месо за појадок, но нутриционистите предупредуваат дека едноставните јаглени хидрати и тешката протеинска храна доведуваат до замор.

„Резултатот е дека човек доаѓа на работа веќе уморен, а пред него има осум часа работа. Прженото месо е богато со протеини, но таквата храна не е погодна за појадок. Факт е дека е потребно долго време за варење, што го заморува телото“, објаснила нутриционистката Ањелика Дувал,

„Не е мал бројот на оние кои денот го започнуваат со каша, што е добро ако не зборуваме за инстант сорти. Тие се полни со едноставни јаглехидрати кои го тераат панкреасот да работи активно и да произведува инсулин. „Бидејќи нивото на шеќер во крвта прво скока, а потоа брзо паѓа, се чувствуваме уморни“, објасни Дувал.

Таа нагласи дека треба да се јадат житарки кои се варени, а не оние кои само се преливаат со врела вода.

„Кај таквите житарки јаглехидратите се сложени, не предизвикуваат скок на нивото на шеќер. Самата житарка се вари долго, а чувството на ситост до ручек секако ќе остане“, објасни нутриционистот.

Таа истакна и дека пецивата не се погодни за појадок.

„Не паѓајте на рекламите каде луѓето го започнуваат утрото со кроасан и шолја кафе. Причината е иста – брзите јаглехидрати“, изјави Дувал.

Поврзани вести