Не излегувајте од дома, ако немате потреба – „пеколно“ жешко во Македонија

Утрешниот понеделник ќе донесе сончево и исклучително топло време низ целата земја. Очекувајте слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој само повремено ќе носи малку разладување.

Во Скопје, исто како и во останатиот дел од државата, ќе преовладува ведро небо и високи температури.

трото ќе биде релативно свежо, со минимални температури кои ќе се движат од 11 до 22 степени, но преку денот термометарите ќе се искачат на вредности меѓу 34 и 40 степени.

Метеоролозите предупредуваат на зголемен ризик од топлотни бранови и апелираат граѓаните да избегнуваат директно изложување на сонце во најжешкиот дел од денот, особено од 11 до 17 часот, и да внесуваат доволно течности.

Пронајдете не на следниве мрежи: