Не им е лошо на сите компании. Нетфликс урива рекорди за време на КОРОНА ВИРУСОТ

Не им е лошо на сите компании. Нетфликс урива рекорди за време на КОРОНА ВИРУСОТ

Објавувањето на податоците за работата на Нетфликс во првиот квартал годинава предизвика бура на задоволство кај тие што имаат акции во оваа фирма.

„Нетфликс“, е еден од најпопуларните светски сервиси за стриминг и тој забележа рекорден раст и пораст на претплатниците во првиот квартал од оваа година.

Сервисот бележи нови 15,8 милиони претплатници во првиот квартал, што е најголем квартален раст во историјата на компанијата. Ова секако во многу се должи и на пандемијата на КОРОНА ВИРУСОТ. И во многу допринесува како околност.

Претходно објавивме дека КОКА КОЛА забележа пад на продажбата од цели 25 проценти:

Кока Кола бележи пад на продажбата од 25%

И популарното пиво Корона забележа историски губитоци.

Пивото Корона со загуба од 170 милиони долари, по појавата на коронавирусот

Приходот пак на Нетфликс за првиот квартал од 2020 година е 5,77 милијарди американски долари, што претставува раст од 1,25 милијарди споредено со истиот квартал лани. Споредено со последниот квартал лани растот е за 300 милиони долари.

Ако се земат предвид новите претплатници пред оваа компанија се добри времиња.

Сервисот чини околу 800 денари на ниво на еден месец, со огромен избор, за што ќе пишуваме во некоја друга прилика. Ако сакате да се претплатите следете го линкот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.