четврток, 12 ноември 2026
Најново

Не мијте ги забите веднаш после јадење!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Миењето заби по секој оброк можеби изгледа како добра идеја, но експертите сепак препорачуваат тоа да не се прави.

На забите по секој оброк останува киселина, а нивното четкање веднаш по оброкот ја слабее глеѓта. Доколку сакате да ги исчистите забите и усната шуплина по оброкот, најдобро е тоа да се направи со вода.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Забите детално се четкаат, се чистат со конец и се мијат со течност за хигиена навечер, и секако наутро.

Кога се мијат забите, тоа треба да се прави со кружни движења на четкичката, бидејќи тоа ќе помогне за отстранување на штетните бактерии меѓу непцата и забите.

Хигиената на усната шуплина е многу важна за здравјето и затоа не смее да се заборават редовните посети на стоматолог.