Не можела око да склопи: Мајка мислела дека гледа дух во креветчето на нејзиното синче

Мајка на едно бебенце една ноќ не можела око да склопи кога во креветчето на нејзиното бебенце здогледала нешто што мислела дека е дух.
На фотографијата која е објавена на социјалните мрежи се гледа покрај детето кое спие лежи уште едно бебе.
-Изминатата ноќ не бев сигурна дали станува збор за „бебе дух“ во креветчето на мојот син. Се вознемирив, не спиев цела ноќ, дури се обидов да влезам со батериска ламба додека мојот син спиеше, напиша мајката на социјалната мрежа на Фејсбук.


Утрото таа сфатила за што станува збор.
Имено, нејзиниот сопруг заборавил да ја отстрани најлонската лепенка од душекот, па така на истиот останал рекламниот картон на кој што е прикажан лик од бебе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.