Не наседнувајте, немате исти права за работа како државјаните на ЕУ – апелира германската амбасада

Не се точни известувањата за нов закон што ќе влезе во сила од 1 јануари 2019 година со кој на граѓаните од земјите што не се членки на Европската Унија ќе им овозможи да се вработат во некоја од државите од Унијата под истите услови како граѓаните на земјите членки на ЕУ, соопшти Германската амбасада.
– На граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ потребна им е како досега, така и по 1 јануари 2019 година, валидна работна виза во Германија. Барањето за виза може да се поднесе само во Германската амбасада во Скопје и само таму се издава визата, прецизираат од Амбасадата на Германија во Скопје.
Амбасадата уште еднаш укажува на тоа дека таа не соработува со посредници или агенции.
– Преку нив не може да се добие ниту термин порано ниту пак да се забрза визната постапка. Таксата за виза изнесува по правило 75 евра и се наплаќа во готово, исклучиво во евра, директно на шалтерот за виза кога се поднесува барање за виза. Други такси нема во Визното одделение. Добивањето на обрасците и на упатствата, како и закажувањето на терминот се бесплатни, наведоа од Германската амбасада.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.