Не размислуваат за разликата од 44 години: Мик Џегер не ги трга очите од својата свршеница

Мик Џегер изгледаше расположен додека тој и неговата свршеница Мелани Хемрик присуствуваа на пролетната модна гала во Њујорк.

Легендарниот Мик Џегер (82) како и секогаш изгледаше многу стилски во тесно одело, додека неговата партнерка, балерината Мелани Хемрик (38), привлече внимание во впечатлива сребрена тоалета.

Мелани изгледаше прекрасно во блескава тоалета без прерамки. Во меѓувреме, Мик се забавуваше пред фотографите, мавтајќи кон камерите и правејќи низа смешни гримаси додека ги соблекуваше и ставаше очилата, објавува Дејли Меил.

Мик и Мелани се заедно од 2014 година , но дури во април оваа година Хемрик откри дека се свршиле пред две или три години.

Во 2016 година, двојката го доби синот, Деверо Октавијан Базил, кој е прво дете на Мелани и осмо дете на Мик.

И покрај големата разлика во годините меѓу заљубениот пар, Хамрик во интервју за „Тајмс“ од септември 2024 година изјави дека „не размислува“ за тоа .

„Секој ќе има свое мислење. Ако премногу размислуваш за тоа што мислат другите луѓе, без разлика каде се наоѓаш во животот, ќе имаш проблем и ќе го анализираш цело време.“

The post Не размислуваат за разликата од 44 години: Мик Џегер не ги трга очите од својата свршеница appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: