Не сакал да ја земе за жена, па го сварила и послужила на работниците

Жена од Мароко го заклала својот свршеник, го зготвила, па им го послужила на работниците.
Полицијата во Обединетите Арапски Емирати соопшти дека Мароканка го убила својот свршеник и од неговото тело зготвила традиционално јадење. За страшното злосторство се дознало кога братот на убиениот дошол на гости и нашол заб во миксерот.
Тој се посомневал дека нешто страшно се случило и повикал полиција. На почетокот на истрагата, жената негирала дека го убила свршеникот, но подоцна признала дека го сторила злосторството во момент на лудило. Таа признала дека седум години го издржувала, а тој и рекол дека заминува во Мароко, каде ќе се ожени за друга жена.


Тогаш жената го заклала, неговото тело го сомлела во миксер и од него направила јадење со ориз. За да се ослободи од доказите, јадењето им го послужила на градежни работници, кои работеле во близина на нејзината куќ , а остатокот им го фрлила на кучињата.
Потоа замолила пријателка да ја исчистат куќата, но таа не се посомневала мислејќи дека крвта е од некое животно.
Полицијата информира дека се уште нема покренато обвинение, зашто во тек е истрагата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.