Не сака да слушне за пензија: 98-годишен дедо се врати на работа, а еве што им порача на луѓето кои секогаш се жалат

Бартоломео Бени Фичето оваа недела полни 98 години, но него пензијата не го интересира.
И натаму работи во продавница во Едисон, во Њу Џерси, а негова задача е на купците да им ги пакува производите во кеси.
-Морате да уживате во работата, мора да уживате во тоа што го работите. Гледам луѓе како трчаат наоколу и велат “Леле, морам да одам на работа”. Тоа е смешно, вели Бени.
Бени не се жали на работата, напротив, се надева дека ќе може да работи уште една смена.

Симпатичниот старец отсекогаш работел напорно. На 19 години се приклучил на војската и учествува во Втората светска војна како пилот. Подоцна работел неколку различни работи и отишол во пензија на 80 години. Меѓутоа, не можел да престане да работи, па пред 10 години се вработил во продавница. Работи две смени неделно по четири часа.
Неговиот шеф тврди дека сите уживаат во неговото друштво и дека има одлична смисла за хумор. Бени на работа никогаш не одмара бидејќи тврди дека тоа е губење на време.
Со оглед на тоа дека Бени е нешто како локален херој, луѓето одлучиле да го наградат па му приредиле забава за роденден. Кога дошол до маркетот, го дочекале пријатели од работа и му пееле. Изненадениот Бени на сите им заблагодарил, се послужил со торта, па се вратил на работа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.