петок, 13 ноември 2026
Најново

Не се откажува лесно: Анџелина Џоли нема намера да му прости на нејзиниот поранешен сопруг

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според некои светски медиуми, како и американскиот US Weekly, холивудската актерка не го крие разочарувањето откако судот донесе конечна одлука дека старателството над нивните шест деца мора да го дели со поранешниот сопруг Бред Пит.
Како што откри извор близок на 45-годишната Анџелина Џоли за US Weekly, актерката е толку лута на целиот систем, но и на нејзиниот поранешен сопруг, што нема намера да му простува во животот затоа што ја победил во битка за старателство над нивните деца и добивање на заедничко старателство.


Сето ова ја исфрли од чекор толку многу што не може да не се чувствува разочарана, а исто така смета дека нејзината битка не е завршена. Анџелина и Бред се бореа на суд за старателството над Медокс (19), Пакс (17), Захар (16), Шајло (15) и близнаците Нокс и Вивиен (12).
„Таа никогаш нема да му прости … Мисли дека сето ова е далеку од завршено и верува дека правдата на крајот ќе победи“, открил изворот, додавајќи дека Анџелина Џоли има намера „да даде сè што има“ за да се жали и овој пат да добие парница.

Поврзани вести